Saturday December 14, 2019
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Плаошник - Охрид
Share

По 530 години, на денот на осветувањето на возобновениот манастир, на Плаошник повторно се пренесени моштите на свети Климент Охридски, првиот словенски епископ од 893 година и основоположник на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Овде се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост, духовност и култура, која се смета за прв словенски универзитет во светот.Овој комплекс е еден од најзначајните археолошки локалитети во Охрид и во Македонија и за едно од најсветите места кај целиот словенски род. Плаошник припаѓа на разни археолошки периоди, кои можат да се поделат на климентов, предклиментов и поклиментов период.Целта на завршните ископувања на Плаошник во Охрид, есента 1999 година, беше возобновувањето на Светиклиментовиот храм.
Тогаш беше откриена крштелницата на петтокорабната базилика со кукасти крстови (т.н. свастики) на мозаичките подови кои потекнуваат од периодот меѓу IV и VI век. Се претпоставува дека оваа ранохристијанска базилика во Плаошник, врз која бил изграден Климентовиот манастир во IX век, била посветена на апостол Павле. Во Лихнид, денешен Охрид, апостолот Павле го проповедал христијанството во првиот век од нашата ера.

plaosnik1plaosnik2plaosnik3plaosnik4plaosnik5

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish