Saturday December 14, 2019
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Калин Камен
Share

„Калин камен“ се наоѓа во непосредна близина на манастиорт "Јоаким Осоговски" во Крива Паланка.

Рели „Калин камен“ (Туристичко рели „Калин Камен“) е манифестација која од 2009 година се одржува по иницијатива на оф–роуд возачите, а во организација на Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“. Релито, традиционално, се оддржува на 24 мај, во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Манифестацијата има ревијален карактер. Должината на патеката е 64 километри, а 80 отсто од неа се одвива на неасфалтиран пат. Висинската разлика помеѓу најниската и највисока точка - Царев Врв (2.085 метри надморска височина) е 1.500 метри. Патеката започнува на плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, а се се протега низ следниве предели:

    Крива Паланка → Мождивњак → Острец → Бари → Костадиница → Бабина чешма → Царев врв (2085м) → Алтн чешма → Калин Камен → Езеро → манастир „Св. Јоаким Осоговски“ → Крива Паланка.
Рели „Калин Камен“ - плакат 2012год.

Патувањето трае околу 8 часа, нормално со паузи на учесниците, бидејќи околу 80 проценти од теренот се состои тежок т.н црн пат. За да се одржи оваа чудна манифестацијата е потребна сигурна и добра организација, нормално и поддршка од полицијата која мора да го запре и контролира сообраќајот додека колоната од неколку десетици автомобили, меѓу кои технички, санитарни, полициски и други возила се искачува кон селото Мождивњак. Најголем број од учесниците во патувањето користат Лада Нива, но големо внимание кај присутните предизвикуваат и американските и руските џипови стари и по педесетина години.

Додека трае патувањето можат да се доживеат сите четири годишни времиња со атмосферски премини, дожд, сонце, ветер па и снежна покривка. Осоговската планина е прекрасна, преполна со пасишта и диви коњи кои галопираат недалеку по зеленилото.

kalinkamen1  kalinkamen2  kalinkamen3  kalinkamen4  kalinkamen5

 

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish