Saturday December 14, 2019
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Марков Манастир
Share

Марков манастир — македонски православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија.

Историја

Како најважен сочуван изворен документ за изградбата во Марковиот манастир претставува натписот над јужниот влез внатре во црквата, кој дава податоци за изградбата на манастирската црква и нејзините ктитори. Натписот ја има следната содржина:

markovmanastir6    Се обнови овој пребожествен храм на светиот великомаченик христов победоносец и чудотворец Димитрија, со усрдието и поспешението на благоверниот крал Волкашин и со благоверната кралица Елена и со премногу љубените нивни ќерки и синови благоверниот крал Марко и Андреаш, Иваниш и Димитар во годината 1377. А овој манастир почна да се ѕида во 1345 во дните на благоверниот цар Стефан и христољубивиот крал Волкашин, а се заврши во дните на благоверниот и христољубивиот крал Марко.

Втор изворен документ претставува полилејот на кого се излиени букви со имињата на ктиторот како и за дел од историјата на црквата. Историјата на манастирот ја надополнуваат и записите испишани на столбовите и на ѕидовите на црквата. Еден таков запис е видливо врежан на северната фасада од црквата и северозападниот столб во наосот на црквата со името на нашиот македонски просветител Кирил Пејчиновиќ кој бил и игумен на манастирот на почетокот на XIX век од 1801 па се до 1818 година. Тој во Марковиот манастир ја напишал неговата книга „Огледало“, а основал и училиште.

Монаштво

Во минатото монашкиот живот во Марковиот манастир бил доста активен. Како негови игумени во XIX век се познати македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ (од 1801 до 1818 година) и Герасим Бочович во 1831 година. Во поново време е обновен монашкиот живот и во него живеат три монахињи.

markovmanastir1  markovmanastir2  markovmanastir3  markovmanastir4  markovmanastir5

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish