Saturday December 14, 2019
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Музеј на македонската борба
Share

muzejmak1Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија, на левиот брег од реката Вардар.

Музејот бил изграден во периодот од 2008 до 2011 година, и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија. Изградбата на објектот е дел од т.н. проект Скопје 2014.

Самиот музеј се состои од тринаесет одделенија, и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Во првата просторија е претставен раниот период на македонската борба, кога ајдутите сè уште немале дефинирано политичка платформа. Сите останати простории понатаму се поврзани хронолошки сè до периодот на комунизмот.

Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја. Освен восочните фигури во музејот се наоѓа и muzejmak4поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.

Музејот работи од вторник до недела со работно време од 10 до 18 часот, а во понеделник не работи. Секоја организирана посета во музејот треба да биде најавена.

Восочни фигури

    Бунтовници: Димитар Поп-Георгиев, Дедо Иљо Малешевски, Сирма Војвода, Стојан Разловски и Ѓорѓи Пулевски
    Дејци на МРО: Иван Хаџи-Николов, Ѓорче Петров, Владислав Ковачев, Јане Сандански, Александар Протогеров, Борис Сарафов, Даме Груев, Димо Хаџи Димов, Никола Карев, Христо Узунов, Питу Гули, Тодор Александров, Васил Чекаларов, Панчо Михајлов, Петар Попарсов, Христо Батанџиев, Андон Димитров, Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Александар Турунџев, Петар Чаулев, Ванчо Михајлов, Мара Бунева, Ѓорѓи Сугарев, Диме Пинџуров, Владо Черноземски, Дончо Штипјанчето, Методија Патче, Рафаел Камхи, Константин Кирков, Илија Трчков, Марко Бошнаков, Руша Делчева, Гоце Делчев, Александар Турунџев Никола Петров Русински и Апостол Петков
muzejmak8    Преродбеници и идеолози: Крсте Петков Мисирков, Павел Шатев, Арсениј Јовков, Димитрија Чуповски, браќа Миладиновци, Панко Брашнаров, Венко Марковски, Драган Богдановски и Глигор Прличев
    Комунистички дејци: Методија Андонов Ченто, Методија Шаторов - Шарло, Димитар Влахов, Кузман Јосифовски - Питу, Лазар Колишевски, Лазо Трповски, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, Никола Парапунов, Лазар Соколов, Петре Пирузе, Кочо Рацин, Михајло Апостолски и Никола Вапцаров

 

 

 

mezejnamak2  muzejmak3  muzejmak5  muzejmak6  muzejmak7

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish