Monday December 16, 2019
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Попова Шапка
Share

Културни и природни знаменитости


PopovaShapkaПопова Шапка е зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај.
Манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Зимско-рекреативниот центар е одалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка.

Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.
Сместувачки капацитети

 

На Попова Шапка се изградени хотелите „Попова Шапка“, „Тетекс“, „Славија“, „Бора“ и други одморалишта. Во непосреднаpopovasapka6 близина на Попова Шапка се наоѓаат локалитетите Јелак, Лешница и Церипашина.
Спортски манифестации

На Попова Шапка традиционалната се одржува манифестацијата „Шарпланински куп“.

Летно време се одржува планински велосипедски маратон „Шарски Води“, со почеток на Попова Шапка и крај во Бунец на Маврово.

Скијачкиот центар Попова Шапка располага со скијачки патеки во должина од 35 км, три хомогенизирани патеки според стандардите на ФИС, со 9 скилифтови и 2 двоседишници. Скијачките патеки се погодни за повеќе ски-дисциплини, а посебно се привлечни за скијачи-рекреативци.

 

popovasapka1  PopovaShapka2  popovasapka3  PopovaShapka4  popovasapka5 

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish