Friday December 6, 2019
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Вевчани
Share

       Вевчани е село во регионот на Дримкол во југозападниот дел на Македонија и е седиште на истоимената општина. Сместено е на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 m. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат кој од Струга минува низ селата Враништа и Велешта.    
      vevcani7 Во близината на Вевчани се наоѓаат едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија, Вевчанските Извори. За вевчанци , изворите се нешто за што вреди да се гине. За луѓето што не се од Вевчани, а некогаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, да се изнадишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената вода.

       Вевчанските извори се едни од поретките псеудопериодски сифонски врела во Република Македонија. Изворите се лоцирани на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1500 литри во секунда. vevcani6


      Еден од најпознатите настани во Вевчани е Вевчанскиот карневал. Се смета дека таа манифестација е стара повеќе од 1.400 години и е интересен спој меѓу паганското и современото.
    Вевчанскиот карневал во суштина е обичај под маска, кој се нарекува „Свети Васиља“ (Василица). Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сè до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала.

 

   vevcani1vevcani2vevcani3vevcani4vevcani5

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish