Sunday November 19, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Скопје
Share

 Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

   Tуристички локации
-Камениот мост навечер
-Влезот на Старата скопска чаршија
-Тврдината Кале
-Соборниот храм
Места од интерес за туристички разгледувања се:
    Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во XV век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.

  Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на VI век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.  

Православната црква Св. Спас, во стариот дел од градот била изградена во XIX век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на XX век - Гоце Делчев.

    - Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.
    -Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од Отоманскиот период на Скопје.
    -Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје.
    -Даут-пашината бања изградена во XV век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
    -Феудалната кула крај Домот на АРМ.
    -Саат-кула во непосредна близина на Султан-муратовата џамија.                                  
   -Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната     страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.

    -Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.

    -Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.  

     -Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.

      -Местото на родната куќа на познатот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу поштадот „Македонија“.

     -Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качани се наоѓа стар Аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за донесување вода до античкиот град скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
       -Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудралната кула која Што денес е музеј.
      -Градскиот ѕид кој се состои од верижно поврзани блокови со висина од 24 метри и кули високи 45 метри - еден вид на ѕид-тврдина во модерна интерпретација, тој е изграден по земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
       -Куршумли ан датира од XVI и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите локалитети во Скопје. Курсумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.

skopje1skopje2skopje3skopje4skopje5

skopje6skopje7skopje8skopje9skopje10

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish