Friday July 21, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
ПРИЛЕП
Share

Прилеп е град во Македонија, лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М-5. Има 73.925 жители и површина од 1.675 km2. Се наоѓа на 128 km (воздушна линија) од главниот град Скопје.   Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до Кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).   Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и прилепско.

  Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.

 

Постојат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучувајќи една кај Маркови Кули, црквата “Св. Никола“ од XIII век, црквата “Св. Успение Богородично“ (“Трескавец“), црквата “Св. Преображение“ и “Могилата на Непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голем римски некрополис и каде се најдени голем број на ѕидини. Римски рушевини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден во стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на рано римски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од “тракијскиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина на Варош. Некои од најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата.   Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуриран во ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.   Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Марко ја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.

 

Редовни настани

 „Пиво фест“ - фестивал на пивото со голема посетеност и разни домашни и странски естрадни гости.

Пиво фест е пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските субјекти од . Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност. Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалот гостуваат екстрадни ѕвезди од регионот.

 

prilep 1prilep 2bitola 3prilep 4prilep 5

 

prilep 6prilep 7prilep 8prilep 9prilep 10

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish