Friday September 22, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Битола
Share

Битола е град во југозападниот дел на Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од Македонија. Градот е познат под името град на конзулите бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва во Република Македонија. Битола е трет по големина град во Македонија според бројот на жители, додека по површина е втор. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во битолскиот Народен музеј.

Попознати локации

-  „Широк Сокак“. Широк Сокак (официјалното име на улицата е „Маршал Тито,“ позната и како „битолското корзо“) е најфреквентната улица во Битола. Во почетокот била наменета за автомобили, меѓутоа денес е исклучиво пешачка улица и вистинското срце на градот. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу други кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до зоолошката градина и античкото пронаоѓалиште Хераклеа Линкестис.

 -  „Хераклеја Линкестис“. Хераклеја Линкестис (латински: Heraclea Lyncestis) е древен град од римскиот период, што се наоѓа во близина на самиот град, во подножјето на Баба планина и датира од средината на IV век п.н.е. Основан е од македонскиот крал Филип II. Градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско поле).

  Историски градби

-  „Саат-кула Битола“.

Саат-кулата  Не се знае точно кога е изградена саат-кулата. Пишани извори од 16 век ја спомнуваат саат кулата, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со црквата Св. Димитрија Солунски, поточно 1830 година. Според легендата, кулата е изградена кога отоманските власти во градот, односно Турците, поминале по сите околни села и собрале околу 60 000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени. Кулата има основа во облик на квадрат и е висока околу 30 метри. На врвот на кулата се наоѓаат тераси со ковани огради. Од сите страни на терасите се наоѓаат конструкции коишто држат светилки со помош на што целата кула и нејзиниот саат се видливи и ноќе. Саатот се наоѓа на најгорното од трите нивоа. Првобитниот саат е заменет за време на Втората светска војна со понов и многу попрецизен и помодерен саат. Новиот саат го купиле нацистите во знак на благодарност на граѓаните за германските гробишта коишто ги подигнале за жртвите од конфликтот во Битола, заедно со англиските и француските гробишта за време на Првата светска војна. Саат-кулата за многумина е и симбол на градот Битола. Кулата се наоѓа во паркот каде што постојано се собираат млади, уживајќи во центарот на градот, покрај гитарските звуци што се честа појава. Таа, исто така, е место каде што граѓаните за време на Бадниковата вечер го чекаат Божик и притоа палат свеќи за здравје, долж тревникот и тротоарот на паркот каде што е кулата.

  - Ајдар-кади џамија

Ајдар-кади џамијата (турски суд) е еден од најатрактивните споменици на Исламската архитектура во Битола. Градена е во периодот од 1561 до 1562 година, како проект на славниот архитект Мимар Синан. Џамијата ја нарачал битолскиот кадија Ајдар-кади по кој и џамијата го добила името. Низ времето џамијата тешко се оштетила, заради што моментално се реставрира, што ќе донесе приближно до нејзиниот првобитен изглед.  

-  Јени Џамија

Името на турски јазик означува Нова Џамија. Лоцирана е во центарот на градот. Има квадратна основа, со купола на врвот. Близу џамијата има минаре високо 40 m. Денес, одаите на џамијата се употребуваат за изложби. Недамнешни археолошки ископувања откриле дека е изградена врз стара црква.  

- Исак џамија

Наследство на познатиот кадија Исак Челеби. Во нејзиниот голем двор има неколку гробови, привлечни заради фините облици на саркофазите.  

-  Безистен

Безистенот е спомнат во еден опис на градот од 16 и 17 век. Сегашниот безистен не се разликува многу од изгледот на тогашниот. Безистенот има 86 продавници и 4 големи железни порти. Продавниците порано продавале текстил, а денес прехранбени продукти.   - Бања Дебој

Дебојот претставува турска бања - амам. Не е познато кога е изградена. Тешко е оштетена, но по поправките сега го има стариот изглед две големи куполи и неколку мали и впечатлива фасада.

 

bitola 1bitola 2bitola 3bitola 4bitola 5

 

bitola 6bitola 7bitola 8bitola 9bitola 10

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish