Friday July 21, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Крушево
Share

Крушево е град во западниот дел на Република Македонија. Тој е градот на некогашната Крушевска република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Во опширниот пописен дефтер Н0 4 од 1467/68 година, објавен од Архивот на Македонија, се наоѓа најстариот помен за Крушево, кога нему, како мезра, му било дадено на спахијата Хусеин-бег, заедно со Прилеп и со други 31 село. Сепак, градот го добил неговата денешна форма со доаѓањето на Власите од Москополе и Мијаците од околината, во текот на 18-тиот век. Заедно со Власите во Крушево дошле и поголем број православни Албанци, кои во текот на историјата се повлашиле. Во градот, покрај македонскиот, официјални се и влашкиот јазик (согласно новата одлука на Советот на Град Крушево од 30.05.2006 година) и албанскиот јазик. Поради специфичната морфопластика, Крушево се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1350[1] метри, па затоа се смета за највисокото гратче на Балканскиот Полуостров.

Музеи

- Споменик Илинден (Македониум) Споменикот „Илинден“ уште познат и како Македониум е комплекс што се наоѓа во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание. Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.

- Музеј на Илинденското востание и Крушевската Република Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република се наоѓа во Крушево, Македонија. Музејот е сместен во староградска куќа која датира од 19 век и припаѓала на браќата Наум Томалевски и Ѓорги Томалевски. Ова била куќата во која во 1903 година била прогласена Крушевската Република. Тука се сместени оригинални експонати од оружје, карти, мапи, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја. Музејот бил отворен на 2 август 1953 година по повод 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската република. Во музејот се изложени оригинални фотографии од членовите на Привремената влада, Советот и востанички чети, карти, предмети со кои се служеле Никола Карев, Питу Гули, макети, текстови, Крушевскиот Манифест, Одзивот на Илинденското востание и Крушевската Република во странскиот печат, циферблатот на црквата Св. Никола опожарена за време на задушувањето на востанието. Тука се и податоците за големите човечки и материјални штети кои му биле нанесени на градот од страна на турскиот аскер.

- Музеј на НОВ Музејот на НОВ се наоѓа во близина на Платото од споменикот Илинден на месноста Гумење, во Крушево, Македонија. Музејот бил отворен во 1988 година, и во него се сместени експонати кои сведочат за Народно Ослободителната Борба од 1941-1945 година. Во музејот доминира фреската Муралот (ѕидна фреска на фронталниот ѕид), на големиот мајстор на боите Борка Лазески, која го отсликува текот на војната.

- Галерија Никола Мартиновски Галеријата Мартиноски се наоѓа во Крушево, Македонија. Самата галерија има создадено огромен број творби што се наоѓаат во многубројни јавни и приватни колекции. Таа била основана во 1968 година. Таа содржи неколку десетици творби (масла, темпери, цртежи, графики) од неколку периоди во творештвото на уметникот Никола Мартиновски, почнувајки од 1928 година наваму.

- Леарница за лиење на куршуми за време на Илинденското востание Леарницата за куршуми за време на Илинденското востание како поставка постои од 2003 година. Во неа се наоѓаат оригиналните орудија кои се користеле за лиење на куршуми во текот на Илинденското востание

- Спомен Куќата на Тоше Проевски

 

krusevo 1 krusevo 2krusevo 3krusevo 4krusevo 5

 

krusevo 6 krusevo 7krusevo 8krusevo 9крусево 10

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish