Sunday November 19, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Струга
Share

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро. Од Скопје е оддалечена 171 км, а од Охрид 15 км.
Местоположба
Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро.

Античкото име на градот е Енхалон, од старо грчкиот збор што во превод значи јагула, која тогаш била мака населба. Подоцна населбата го добива името Струга.
Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот на Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име.
Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.
Второто е сосем поинакво: одамна некогаш Македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга).
Некои автори тврдат дека градот е наречен така заради тоа што Црн Дрим поминува низ далјаните (турски збор за место заградено со трски и друг материјал за лов на јагули и риби воопшто).
Можеби е најблиску до вистината објаснувањето дека Струга значи речен ракав, притока (во случајов истек на Црн Дрим) и тоа на место со уреди за риболов.
За првпат под словенското име Струга, градот се споменува во еден документ од 11 век. Во друг документ од 16 век (Калимановата грамота) е дадена една царска повелба "приходите од рибното ловиште на град Струга да се изспраќаат на Зографскиот манастир".

Туризам

Поради Охридското Езеро и богатото културно-историско минато, Струга има развиен езерски и културен туризам. Самата манифестација Струшки вечери на поезијата привлекуваат голем број на домашни и странски туристи за време на летото. Во летната сезона во Струга и околните места престојуваат илјадници туристи, претежно од Република Македонија, но и голем број на туристи од Албанија, Косово и Грција.
Старите стружани за туризмот велат:


“ Кога ќе пукне туристичката сезона, Струга наеднаш се изменува, небаре низ чаршијата пројурил Св. Ѓорѓија на бел коњ и со копје им ја пуштил застојаната крв, и се се разживеало"

 

struga 1 struga 2 struga 3 struga 4 struga 5

 

struga 6 struga 7 struga 8 struga 9 struga 10


Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish