Sunday November 19, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Охрид
Share

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Градот Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во Охридско-Струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.[1] Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнидос.
Градот Охрид е туристички, културен и духовен центар на Република Македонија. Овој град има историја со континуиран живот на човечки заедници од 7 000 години и е еден од најстарите на светот, заедно со Ерусалим, Рим и денешен Истанбул.
Охрид се наоѓа на надморска височина од 695 метри и е најголем град на брегот на Охридското Езеро кое се проценува дека е старо околу 3 милиони години и е едно од најстарите езера на светот. Езерото изобилува со ендемска флора и фауна и заедно со Градот Охрид е ставено на списокот на УНЕСКО како светско културно и природно наследство.

 

Поважни локалитети
- Антички Театар
Античкиот театар е сместен во стариот дел на Охрид. Тој се наоѓа помеѓу Грона Порта и Плаошник. Првите податоци за постоењето на овој објект кажуваат дека тој е стар околу 2 милениуми, т.е. изграден е во периодот на доцниот хеленизам. Подоцна овој објект бил преадаптиран во периодот на римските освојувања. Театарот се корсител за гладијаторски борби и боерби на гладиајтори со диви животни.
- Самоилова Тврдина
Самуиловата тврдина денес се смета за еден од најпознатите симболи на Охрид. Таа е на врвот на ридот и заедно со ридот е на најголема височина во градот, па е видлива од сите делови на урбаната зона и проградските населби и села. Тврдината потекнува уште од петтиот век на нашата ера но, денешната тврдина е изградена во времето на Цар Самуил и од тогаш до денешен ден била неколку пати доградувана. Бедемите на тврдианта се високи од 10 до 16 метри, а тврдината има и неколку одбрамбени кули. Последните години на неа се направија реконструктивни и санациони зафати, а во тек се и повеќегодишни опсежни археолошки истражувања. Тврдината е едно од најпосетените места д туристите, пред се заради неповториливите глетки кои се пружаат на Охрид и езерото од врвовите на кулите и бедемите.

- Куќа на Робевци

- Горна и Долна порта
Горна порта е градкса капија која е составен дел од големите бедеми кои се протегале околу Охрид последните 10 векови а служеле за саштита на градот. Низ Горна порта се влегувало во Охрид од неговата северна страна по пристапите кои воделе до горниот дел на ридот, додека долната порта служела за влез во Охрид од долниот дел на градот со пристап кај Сараиште. Долната порта исто така била составен дел од големите бедеми кои го опкруќувале Охрид и била лоцирана пред денешниот ресторан Антико. Делови од бедемите и денес стојат на ова мето. Со големите санациони зафати кои се направија на Самоиловите бедеми во 2001 година беа опфатени и деловите кај Горна порта, како и дел од бедемите кај Долна порта.

- Билјанини извори
Билјанините Извори се најпознат и најопеан симбол на Охрид, создаден од природата. За нив е испеана нардната песна Билјана платно блеше која е позната ширум светот. Се наоѓаат во подножјето на палноината Галичица под селото Рача, а околуизворите денес има парквои, спортск итерени и познат ресторан. Со вода од изворите се снабдува и Хидробиолошкиот завод, научна инзтитуција која се заниамва со ендемскиот жив свет на Охридското Езеро, како со нго проучувае, така со негова заштита.

- Музеј на вода - Залив на коските

 

ohrid 1ohrid 2ohrid 3ohrid 4ohrid 5

 

ohrid 6ohrid 7ohrid 8ohrid 9ohrid 10

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish