Friday September 22, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Кратово
Share

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, сместен во гролто на изгаснат вулкан. Градот е еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.
Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Турците. Бо времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“
Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, во западниот дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Крива Река и три помали реки.

Кратово во средниот век бил познат по своеата Кратовско книжевно училиште, које заедно со книжевното училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од 12 век до 14 век. Во училиштата се препишувале стари книги и се пишувале нови текстови од црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.

Во Кратово има три православни цркви. Во време на турското владеење градот имал преку 20 цркви, од кои се пронајдени остатоци.    

            црквата “Св. Никола-чудотворец” во Царина маала, обновена 1848 год.
            црквата “Св. Јован Претеча” - во средна маала, обновена 1836 год. и
            црквата “Св. Ѓорѓи Кратовски” сместена во старите гробишта.

Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за светец од Кратово од 16 век “Св.Ѓорѓи Кратовски” кој поради својата вера во христијанството бил спален 1515 год. во Софија. Во негова чест и слава и во чест на зачекорувањето во третиот сехристијански Милениум, Советот на општината Кратово го прогласил празникот „Свети Ѓорѓи Кратовски” за патронен празник на градот кој се слави на 24 февруари, а светецот „Свети Ѓорѓи Кратовски” станал симбол и заштитник на градот и општината.

Археолошки локалитети
   - Златен Град
латен Град или Градот на воините кој датира од крајот на 5 век, и се наоѓа во непосредна близина на с. Коњух. Мештаните од околните села имаат сопствено усно предание или легенда за локалитетот. На локалитетот, многу одамна, живееле моќен крал со неговата кралица. Тие си имале само една ќерка, која била позната по својата итрина, бистрина и цврстина во карактерот. Арно ама, при еден од оброците, кралската ќерка се задушила, при што доживеала состојба која денеска е позната под терминот „клиничка смрт“, а своевремено луѓето не биле запознаени со овој феномен, така што ја прогласиле за мртва. Кралот и кралицата, во големата жалост, наредиле набрзина да се припреми многу богат погреб во месноста „Мала Кралица“, во непосредна близина на локалитетот „ Големо Градиште“ – с. Коњух. Гробарите, вечерта по погребот, се вратиле да го ограбат гробот. Зеле многу од накитот, даровите, златните и сребрените пари, при што, кога еден од гробарите пришол да го земе ѓерданот од кралската ќерка, кога го потегнал, на свое големо изненадување, видел дека кралската ќерка е жива. Тоа ги ставило во мисла гробарите, дали да ја остават жива или да ја убијат, затоа што таа ги видела како го ограбуваат гробот. По долго размислување, дошле до решение да не ја убиваат, туку да ја однесат во друго кралство, за да не ги издаде на кралот и кралицата. Нејзините родители останале со сознанието дека нивната ќерка е мртва. Тие тргувале со многу богати земји од Исток и Запад. При едно од нивните отсуства, заради трговска размена за друти стоки, нивното кралство било ограбено, а кралскиот град горел во пламен. Тие со свои очи го виделе пожарот во градот, при што заплакале, а денеска, меѓу народот, местото е познато под името „Плакало“. Бидејки загубиле сè што им било драго, поради добрите односи со градот Солун, одлучиле да се преселат во него, со целата своја сопственост, а до ден денес спомен на тоа има во т.н. „ Коњушко Маало“ во Солун.
   - Големо Градиште, остатоци на град од 6 век
   - Куклица, природни камени кули
Камените кукли во овој простор се природна појава настаната со долготрајната ерозија на вулканските карпи со различна отпорност: игнимбрити, андезити и туфови. Поцврстите, компактни карпи (игнимбрити, андезити) бавно се еродираат и ги штитат меките туфови под себе. Вака заштитени, туфовите заедно со карпестиот блок на врвот, остануваат да штрчат во релјефот во вид на остенци и столбови, односно земјени пирамиди. Во меѓувреме, долготрајните атмосферски влијанија (врнежите, температурните промени, ветрот) ги доизградиле, моделирале, модифицирале и затоа тие имаат така карактеристичен облик. Овие процеси, кои почнале пред десетина илјади години, продолжуваат и денес, така што некои земјени пирамиди постепено се уништуваат, а други се создаваат. Со тоа, пирамидите перманентно го менуваат својот облик, само што тој процес е бавен и не може да се забележи за еден месец или една година.

- Цоцев Камен, праисторијски обсерваториј
Цоцев Камен е вулканска карпа која во праисторијата се користела како мегалитска опсерваторија. Се наоѓа во атарот на селото Шопско Рударе, поточно во близина на маалото Цоцевци и селото Коњух. Самата карпа се издвојува од околните ридишта е интересна сама по себе. Видливи се и остатоци од човечка обработка.

На стотина метри источно од Цоцев камен се наоѓаат мегалити кои служеле како сончеви и месечеви нишани. На врвот на карпата се наоѓа престол свртен на исток кон нишаните, од каде што може да се следи во која точка изгрева Сонцето и Месечината и според тоа да се формира сончев календар. Мегалитите имаат дополнителни врежувања врз нив и во непосредна близина се најдени изработени месечиви во голема димензија, што претставува сведок за тоа дали еден објект претставува опсерваторија.

 kratovo1kratovo2kratovo3kratovo4kratovo5

 

 kratovo6kratovo7kratovo8kratovo9kratovo10

 

 

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish