Friday September 22, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
СТРУМИЦА
Share

Струмица е град во југоисточниот дел на Република Македонија и со своите 35.311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.

Струмица и нејзината општина се наоѓаат на 41 22 северна географска широчина и 22° 35’ и 23° 45’ источна географска должина, го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и со Бугарија од исток. Регионот што всушност ја опфаќа котлината меѓу планините Беласица, Огражден и Еленица, по површина и по бројот на населението не е ниту помеѓу најмалите ниту помеѓу најголемите општини во земјата, но неговиот низински дел спаѓа во редовите на најгусто населените реони во Македонија. Според пописот на населението 2002 година, во Општината, со вкупна површина од 963 км2 живеат околу 95 000 жители, со тоа што во нејзиниот најплоден низински дел кој зафаќа помалку од една четвртина од вкупната површина живеат над 100 жители на 1 км2.   Струмичката котлина од југ е заградена со планината Беласица, по чиј срт се протега самата македонско-грчка граница и чиишто стрмни, доста влажни и пошумени падини на запад се надоврзуваат на планината Еленица а уште позападно на планината Плавуш. На северната страна се наоѓа планината Огражден која се протега од југоисток кон северозапад каде започнуваат да се издигаат планинитеСмрдеж и Плачковица. Конфигурацијата на овие планински венци ја дефинира Струмичката котлина, давајќи и форма на неправилен триаголник, кој е благо наведнат кон исток, во правецот по кој тече реката Струмица, во горниот дел Стара Река, која со своите 94 километри е и најдолгиот воден тек на подрачјето.   Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км2, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Оградена е со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од котлината е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорот и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.   Општина Струмица се наоѓа на западниот и централниот дел од Струмичкиот регион, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54 676 жители.

 

Туристички атракции  

Струмица има неколку локации кои го заслужуваат епитетот туристичка атракција.

 

 - Манастирски комплекси  

Црква Свети Леонтие Водоча Манастир „Св. Леонтие“ - Водоча  

Манастир Св. Богородица Елеуса-Вељуса

 

  - Арехолошки локалитети

 Цареви кули  

 Римска терма во Банско  

 Струмички амфитеатар Орта џамија;  

 Црква “Св.петнаесет тивериополски маченици“;  

 Цареви Кули;  

 Струмин гроб кај Баница.

 Спомен Костурница  Градиште (Банско)

 

  -  Природни реткости   

  Водопадот кај Габрово  

  Колешински водопад

Колешинскиот водопад е лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м. Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив. Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите кои секојдневно доаѓаат овде. Во просек колешинските водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема. Сабота и недела за време на викендите таа бројка може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачки капацитети тоа би било многу повеќе бидејќи и во работните денови би останеле гостите тука. Накратко кажано потенцијал за развој на туризмот веќе постои - вели Петар Спасов, градоначалник на општина Ново Село.

 

 Смоларски водопад

Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри. Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски Водопад. За да дојдете до водопадот, треба да патувате по тесен, кривулест пат и да ја намалите брзината бидејќи тракторите и запрежните возила се карактеристични за оваа област. Овде главното занимање е земјоделството. На патот кон водопадот ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите локални производи. Овој пазар беше отворен во Јануари 2007 година каде локалното население е секогаш таму да ви понудат локални пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи. По краткиот разговор на пазарот продолжувате со искачување до водопадот.

 

strumica 1 strumica 2strumica 3strumica 4strumica 5

 

strumica 6 strumica 7strumica 8strumica 9strumica 10

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish