Friday July 21, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Дојран
Share

Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин, варијанти Дорјан, Догрјан, гр. Δοϊράνη, Дојрани) е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро : градот Стар Дојран (800 жители), центар на Општина Дојран во Република Македонија на местото на стариот град, градот Нов Дојран (1200 жители) во Република Македонија на 5 километри на север од стариот град, селото Дојран (Δοϊράνη) (183 жители) во Егејска Македонија на јужниот брег на Дојранското Езеро на местото на старата Дојранска железничка станица.

Дојранското Езеро (грчки: Λίμνη Δοϊράνη Лими Дои́рани), (лими́ Дои́рани) е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 km². Западниот, поголемиот дел (27,3 km²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 km²) на Грција. На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал мира. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.

Културно - историски споменици

- Црква Св. Илија (1905 – 1968)

- Градска саат кула

- Градска бања - Манастир (Марија-Магдалена)

 

dojran 1 dojran 2dojran 3dojran 4dojran 5

 

dojran 6 dojran 7dojran 8dojran 9dojran 10

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish