Friday July 21, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Хотел Бисер
Share

biser hotel struga

адреса: с.Калишта
6330 Струга, Македонија
Тел: +389 46 785700
Факс: +389 46 780404
Е-пошта:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
logo 3

ГАЛЕРИЈА

gal. 1 gal 5 gal 7

gal 8 gal 10 gal 17

gal 18 gal 22 ga 4


ОПИС

Добредојдовте

Ако го погледнете Хотел Бисер од езерската шир, ќе останете фасцинирани од еден хармоничен спој од карпа и охридско - струшката архитектура. Ќе се запрашате дали ова го створила природата или е магија на човечкото битие? Во ова место се спојуваат духовното и световното благодарение на манастирот Св. Богородица и пештерската црква Св. Ѓорги од 13 век кои се во комплексот на хотелот. Заклучок кој ќе го донесете е дека пред Вас се наоѓа вистинскиот бисер на Oхридското крајбрежје.


Сместување

Од балконите од прекрасно уредените 79 соби и 5 апартмани погледнете го езерото и дозволете му на езерското пространство да предизвика кај Вас восхит и релаксација. Тука секое утро можете да го доживете изгрејсонцето над планината Галичица. Местоположбата на овој Хотел кој е во спрега со карпестиот дел вдахнува можност за максимален одмор и духовен мир.

 

Ресторани

Ресторанот со капацитет од 450 места е поврзан со летна терасата. Спојот на карпата која се надвиснува над ресторанот облеана со спектар на бои и националниот ентериер го прават амбиентот за восхит. Тука можете да ги вкусите македонските специјалитети со поглед кон мирната шир на Oхридското езеро.

 

Семинари и конференции

Хотелот константно ги следи барањата дадени од конгресниот туризам и е комплетно просторно и технички опремен да ги пресретне потребите и да ги задоволи барањата и бизнис стандардите за успешна организација и реализација на вашите семинари, конгреси и конференции.

За таа цел, хотелот поседува конгресна сала конструирана во согласност со светските стандарди и со капацитет од 180 седишта и 3 помали сали со капацитет од 35 седишта.

Салите се звучно опремени (со жични и безжични микрофони), тв и видео, двд и цд плеери, лцд проектор, флип-чарт, опрема за симултани преводи, компјутерска опрема, печатар и фотокопир.

 

Летен бар и пицерија

Во комплексот на располагање Ви се прекрасно уредената песоклива плажа, урбано бетонската плажа, сплав плaжата и пристаништето. Тука можете да веслате кајак, да возите скутер или да патувате со велосипед по патеките на овој регион. За Вашиот идеален одмор биде целосен ќе се погрижат професионалните и љубезни членови на персоналот кој Ви стојат на располагање 24 часа.


Свадби и свечености

Денот кога го започнувате вашиот заеднички живот, погледнете далеку во иднината на сите годишни времиња кои ќе ги поминете заедно.

Дозволете хотел Бисер да биде поќеток на Вашето заедничко патување!

А кога вашите срца ќе бидат исполнети со детска љубов, не заборавајте дека најдобрите роденденски забави се кај нас.

 

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Име и презиме 
Тип на соба 
Датум на престој (од - до) 
Телефон за контакт ! 
Email за контакт 
Please enter the following ejjzpock Help us prevent SPAM!
    

ЛОКАЦИЈА

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish