Sunday November 19, 2017
Register

hotels-macedonia-logo3



Паметен пребарувач - Внесете само неколку букви ..град, назив (дел од името кое го барате ..), категорија (хотел..мотел..вила)

PDF
Печати
Е-пошта
Хотел Радика
Share

radika7

адреса: с.Леуново, Маврово

телефон1: (042) 223 300

телефон2: (389) 75 325 306

web: www.radika.com.mk

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ГАЛЕРИЈА

radika1radika2radika3

radika4radika5radika6

radika8radika9radika

ОПИС

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк Маврово, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година, и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборевен.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост.

Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија.

Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил.

Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби.

Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејсаж.

Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

Нашата мисија е на локално ниво да достигнеме врвен хотелски стандард, да ги надминеме очекувањата на регионалните посетители и да станеме прв избор, за нашите потенцијални корпоративни и приватни клиенти.Како добри домаќини, со природна насмевка и ненаметлива љубезност, со задоволство Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Име и презиме 
Тип на соба 
Датум на престој (од - до) 
Телефон за контакт ! 
Email за контакт 
Please enter the following hwfrbaoo Help us prevent SPAM!
    

 

ЛОКАЦИЈА

 

Share
 

Преведи

Macedonian Afrikaans Albanian Arabic Armenian Azerbaijani Basque Belarusian Bulgarian Catalan Chinese (Simplified) Chinese (Traditional) Croatian Czech Danish Dutch English Estonian Filipino Finnish French Galician Georgian German Greek Haitian Creole Hebrew Hindi Hungarian Icelandic Indonesian Irish Italian Japanese Korean Latvian Lithuanian Malay Maltese Norwegian Persian Polish Portuguese Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Swahili Swedish Thai Turkish Ukrainian Urdu Vietnamese Welsh Yiddish