адреса: с.Калишта - Струга |
ОПИС
Хотелот ,,Макпетрол” - Струга е лоциран во прекрасен шумски амбиент со изворедно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Хотелот се наоѓа во непосредна близина на градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, панорамски лифт, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.
Хотелот е сертифициран според ISO 22000:2005 и HACCP.
Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска, ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.
Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аператив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.
Хотелот има конгресен центар со сала за семинари и конгресна сала, опремени со ЛЦД проектор, лап топ компјутер, графоскоп, компјутер со интернет приклучок, безжичен интернет, платно за прикажување и флип табли. Може да ги користите аператив барот и ТВ салата што се во состав на центарот. Сево ова ви дава идеални услови за организирање конгреси, семинари, модни ревии, презентации и други манифестации.
Објектот располага со спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал, одбојка на песок, трим патеки), се организираат спортски игри, тренинзи, и има можност за ноќно спортување, фитнес центар, сауни и базен за ноќно капење.
Слободното време поминете го во посета на Манастирскиот комплекс Калишта, кејот на Црни Дрим, атрактивниот струшки Пазар, како и Струшките вечери на поезијата.
Ве Очекуваме,
Хотел “Макпетрол” – Струга
мобилен: ++389 (0) 70 267760
тел: ++389 (0) 46 797466, факс: ++389 (0) 46 784720